Бајден го воспостави првиот федерален стандард за борба против насилството и смртта во високообразовните кампуси низ целата земја. Тој, исто така, потпиша закон, поддржан од реалити ѕвездата и наследничка Парис Хилтон, зголемувајќи ја одговорноста на центрите за лекување и установите за нега на млади.
На почетокот на овој месец, Бајден стави вето на законот за додавање 66 судии во сојузните судови со недоволен персонал, ги ублажи казните за 37 од 40 осуденици кои чекаат смртна казна, променувајќи ја во доживотен затвор без можност за помилување и му даде целосно и безусловно помилување на својот син Хантер.
Бајден се обидува да ги исполни своите приоритети пред да ја предаде власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари. Тој го завршува мандатот со обезбедување пари претходно одобрени од Конгресот за инфраструктурни проекти во САД и оружје за Украина.