петок, 25 октомври 2024

Бајден повторно залута, го врати италијанската премиерка (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден веќе подолго време предизвикува загриженост со своето однесување и сомнеж за своето ментално здравје. Списокот на незавидни моменти е предолг, од мешање имиња на луѓе и држави, заборавеност, поздравување мртви и бројни други непријатни моменти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Светските лидери во моментов се во Италија на состанокот на Г7 чиј домаќин е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа Бајден како да залута и се оддалечува од своите колеги за време на демонстрациите на скок со падобран.

Мелони потоа го повлекува за ракавот и го враќа кај другите светски лидери, по што Бајден видно збунет ги става очилата за сонце.

Ова не е единствениот бизарен инцидент на Бајден на самитот на Г7. Пред тоа, на друго видео се гледа како американскиот претседател неспретно ја поздравува Мелони пред да ја напушти сцената. Истото го направи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ