„Уште еднаш барам од Конгресот да ми испрати предлог-закон за забрана на јуришното оружје“, рече Бајден осудувајќи го нападот во американската сојузна држава Тексас, во кој вооружен маж уби осум лица во трговски центар.
Напаѓачот, кој е идентификуван како Маурицио Гарсија (33), беше убиен од полицијата.
Бајден го нарече нападот „безумен чин на насилство“ и рече дека „веднаш ќе го потпише“ законот доколку Конгресот му го испрати.
Вооружениот напаѓач беше вооружен со пушка АР-15 и имаше најмалку уште едно оружје со себе кога полицијата го застрела, изјави за Си-ен-ен неименуван полициски функционер. Во неговиот автомобил полицијата пронашла уште неколку парчиња оружје.
Белата куќа објави дека поради новото масовно убиство во САД, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје над седиштето на шефот на државата, јавните федерални и воени згради.
Најмалку осум лица загинаа кога вооружен маж отвори оган пред трговски центар во близина на Далас, во американската сојузна држава Тексас, соопштија властите на Тексас рано во неделата по локално време.
Во нападот се ранети седум лица, од кои тројца се во критична состојба.