сабота, 27 јули 2024

Бајден повторно повика на забрана на автоматското оружје (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Важно е да се сеќаваме, но исто така е болно“, рече 80-годишниот демократ, познат по своето сочувство кон ожалостените семејства, кој и самиот изгуби мала ќерка и возрасен син. Американскиот претседател повторно повика на усвојување на „разумни закони за (огнено) оружје“, особено забрана за многу популарното полуавтоматско оружје од типот АР-15.

„Премногу места од секојдневниот живот станаа место на злосторство во Америка“, предупреди претседателот, истакнувајќи дека огненото оружје сега е водечка причина за смрт кај децата во САД.

„Треба да го забраниме огненото оружје АР-15 – јуришното оружје – еднаш засекогаш“, рече Бајден во Белата куќа. „Не можеме да ставиме крај на оваа епидемија сè додека Конгресот не донесе некои здраворазумски закони за безбедност на оружјето со што ќе се чува ова воено оружје далеку од нашите улици“.

 

Но, неговиот повик, колку и да е сериозен, нема многу шанси да донесе конкретни промени. Републиканците, кои контролираат еден од двата дома на Конгресот, се противат на какво било заострување на законите за оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ