сабота, 27 јули 2024

Бајден: Подготвени сме на сè што прави Северна Кореја

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден изјави денеска дека САД се подготвени на сите потези на Северна Кореја.

„Подготвени сме за сè што прави Северна Кореја, размислувавме како ќе одговориме на секој чекор што можат да го направат и затоа не сум загрижен“, рече Бајден пред посетата на американската воена база во Јужна Кореја, каде што се сместени околу 30.000 американски војници.

Бајден го обиколи центарот за заеднички воздушни операции, каде јужнокорејските и американските трупи го надгледуваат воздушниот простор, додека Северна Кореја во последно време почесто тестира ракетно оружје. За разлика од претходните американски претседатели, тој за време на неговата посета не ја посети демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја.

Претходно во текот на денот американскиот претседател разговарал со Чунг Јуисун, претседател на јужнокорејската автомобилска компанија Хјундаи, за нова инвестиција од 11 милијарди долари. Од кои 5.5 милијарди долари за отворање на фабрика за електрични возила во американската држава Џорџија.

Една од главните цели на посетата на Бајден на Азија оваа недела беше да се потврди сојузот со Јужна Кореја и Јапонија, како и да се најдат начини за проширување на соработката. По вчерашната средба, Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол во заедничка изјава изразија отвореност за проширување на опсегот на заедничките воени вежби. Американскиот претседател рече дека двете земји покажале „подготвеност заедно да се соочат со сите закани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ