петок, 18 октомври 2024

Бајден по убиството на лидерот на Хамас: „Добар ден за Израел, за САД и за светот“

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден изјави денес дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар е „добар ден за Израел, за САД и за светот“ и го нарече тоа прилика да се ослободат израелските заложници и да се заврши војната во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден во соопштение го спореди тоа со чувството во САД по убиството на лидерот на Ал каеда Осама бин Ладен, кој се смета за одговорен за нападите во САД на 11 септември 2011 година, оценувајќи дека убиството на лидерот на Хамас „уште еднаш докажува дека ниеден терорист никаде во светот не може да избегне правда, колку и да трае тоа“, пренесува Асошиејтед прес.

Тој кажа дека ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и другите израелски лидери за да им честита и да разговара за враќање на заложниците и завршување на војната во Газа. Бајден кажа дека по убиството на Синвар постои прилика за Газа без Хамас на власт и за политичко решение кое им пружа подобра иднина и на Израелците и на Палестинците.

Тој ги пофали американски специјални сили и разузнавачките оперативци кои им помогнале на израелските сили во следењето и лоцирањето на Синвар и другите лидери на Хамас во текот на минатата година, иако САД кажаа дека операцијата во која бил убиен Синвар била израелска.

Шефот на израелската дипломатија Израел Кац, премиерот Бенјамин Нетанјаху, Израелските одбранбени сили и Шин Бет вечерва потврдија дека Синвар е убиен вчера во јужна Газа, но Хамас сè уште не издал соопштение. Израел во текот на денот спровел проверки, ДНК анализи, за да се утврди дали е Синвар меѓу убиените Палестинци.

Синвар е роден во Кан Јунис, а за лидер на Хамас во Газа бил избран во 2017. Именуван е на почетокот на август за политички лидер на милитантната палестинска група по убиството на лидерот Исмаил Ханија во Техеран.

61-годиниот Синвар стои зад упадот во Израел минатата година, од кога израелската војска го бара во нападнатата енклава. Тој поминал 23 години во израелските затвори пред да биде пуштен во 2011 година во размена на заробеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ