сабота, 27 јули 2024

Бајден: Планирам повторно да се кандидирам за претседател, но сè уште е рано тоа да го објавиме

Објавено на

часот

Сподели

Засега својата кандидатура за претседателските избори во САД следната година официјално ја најавија петмина кандидати.

Кај републиканците тоа се поранешниот претседател Доналд Трамп, поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации Ники Хејли, претприемачот од индиско потекло Вивел Рамасвами и поранешниот гувернер на Арканзас Аса Хачинсон.

Њујорк тајмс наведува дека се очекува и кандидатурата на Рон Десантис, кој се смета за најголем ривал на Трамп, а освен гувернерот на Флорида се чекаат и кандидатурите на поранешниот потпретседател Мајк Пенс, поранешниот државен секретар Мајк Помпео и сенаторот Тим Скот.

Од демократската страна својата кандидатура ја најави Мериен Вилијамсон, поранешната духовна советничка на Опра Винфри која во својата претходна кандидатура во 2020 повика на формирање министерство за мир и исплата на репарации за ропството.

Ројтерс минатата недела напиша дека на изборите ќе се кандидира и демократот Роберт Ф. Кенеди Помладиот, адвокат и скептик кон американската надворешна политика, внук на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ