сабота, 27 јули 2024

Бајден остро кон Израел: Идната поддршка на САД на војната ќе зависи од заштитата на цивилите

Американскиот претседател Џо Бајден му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека во иднина американската поддршка на војната во Појасот Газа ќе зависи од чекорите кои ќе ги преземе израелската страна за да ги заштити цивилите и хуманитарните работници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие двајца разговарале на телефон само неколку дена откако во израелски воздушен напад во Појасот Газа беа убиени седум хуманитарни работници.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден на Нетанјаху „јасно му ја дал до знаење потребата Израел да објави и спроведе низа конкретни и мерливи чекори за решавање на прашањето на страдањата на цивилите, хуманитарната катастрофа и безбедноста на хуманитарните работници“.

Тој порачал дека американската политика во однос на Газа ќе биде одредена од нивната проценка на моменталните акции на Израел за тие чекори.

Бајден кажал дека е потребен итен прекин на огнот и го повикал Израел да постигне одговор без одложување.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен им кажа на новинарите во Брисел дека поддршката на САД ќе биде намалена ако Израел не изврши значителни прилагодувања на начинот на кој ја води војната.

„Ако не ги видиме промените кои треба да ги видиме, ќе има промени во нашата политика“, кажа Блинкен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ