сабота, 27 јули 2024

Бајден: Охрабрувањето на Трамп до Путин да прави „што сака“ во Европа е грозно, опасно и неприфатливо

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден го критикуваше својот најверојатен републикански противник Доналд Трамп за „поклонување“ на рускиот претседател Владимир Путин, и побара од Конгресот на САД да ѝ одобри воена помош на Украина, оценувајќи дека демократијата низ светот е загрозена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден го одржа своето годишно обраќање до нацијата на заедничката седница на Конгресот синоќа.

Тој го критикуваше Трамп поради неодамнешните коментари за НАТО – воениот пакт предводен од САД, кој годинава ја одбележува 75-тата годишнина.

На подиумот во зградата на Конгресот Најден дојде како еден од најнепопуларните модерни претседатели во овој момент на својот мандат, јавуваат американските медиуми.

Бајден изнесе аргументи во корист на свој втор мандат во Белата куќа, користејќи го говорот за состојбата на нацијата за во повеќе наврати да го нападне поранешниот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го, без да му го спомне името, туку ословувајќи го со „мојот претходник“ – дека е тешка закана за демократијата ако се врати во Овалната канцеларија.

Бајден ги нападна тврдењата на Трамп – нарекувајќи ги лаги – за упадот во зградата на Конгресот на 6 јануари 2021, и го обвини дека му се поклонува на рускиот претседател Владимир Путин, цитирајќи го неговото „охрабрување“ до Путин да прави „што сака“ во Европа и го оцени тоа како „грозно, опасно и неприфатливо“.

Американскиот претседател го искористи својот говор како дел од предизборната кампања, за да посочи кои се, според него, тешките закани за правата на жените, за надворешната политика, за економијата и за судбината на демократското владеење во САД ако Трамп се врати на власт.

Говорот го почна со надворешната политика, повикувајќи ги пратениците да обезбедат понатамошна финансиска воена помош за Украина.

Тој ги истакна успесите на економијата во последните три години, особено истакнувајќи го падот на инфлацијата од 9 на 3 отсто, со понатамошен надолен тренд.

Зборуваше за ревитализација на американските фабрики, особено во автомобилската индустрија, кои се прилагодуваат на потребите на електричните возила, огромниот пораст на бројот на работни места, особено на оние со плати повисоки од 100.000 долари годишно, а без потреба за универзитетско образование.

Одговорот на републиканците го изнесе сенаторката Кејти Брит од Алабама, која, на возраст од 42 години, е една од најмладите републикански законодавци, и, според многумина, ѕвезда во подем во таа партија.

Се спомнува и како можна потпретседателска кандидатка на Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ