петок, 26 јули 2024

Бајден очекува ирански напад на Израел „порано, а не подоцна“

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека очекува Иран да го нападне Израел „порано, а не подоцна“ и го предупреди Техеран да не го прави тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кога новинарите го прашаа дали има порака за Иран, Бајден едноставно одговори – „Немојте!“. „Посветени сме на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел. Ќе помогнеме во одбраната на Израел и Иран нема да успее“, истакна американскиот претседател.

Бајден додаде дека нема да открива безбедносни информации, но кажа дека нападот би можел да се случи „порано, а не подоцна“.

Израел се подготвува за напад од Иран или неговите партнери како одмазда за нападот на иранската амбасада во Дамаск минатата недела во кој беа убиени висок офицер на Иранската револуционерна гарда и уште шест офицери.

Земји како Индија, Франција, Полска и Русија ги предупредија своите граѓани да не патуваат во регионот, кој е веќе на раб на хаос по седуммесечната војна на Израел во Газа. Германија ги повика своите државјани да го напуштат Иран.

Израел не ја презема одговорноста за воздушниот напад на 1 април на иранската амбасада во Дамаск, но иранскиот врховен лидер Али Хамнеи кажа дека „Израел мора да биде казнет и ќе биде“ за операцијата за која кажа како да е извршена на иранска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ