сабота, 27 јули 2024

Бајден: Нетанјаху ја одолговлекува војната во Газа од политички причини

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека луѓето имаат причина да веруваат дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одолговлекува војната во Газа од политички причини.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Постојат многу причини зошто луѓето можат да донесат таков заклучок“, изјави Бајден за списанието Тајм.

Нетанјаху долго време се соочуваше со вакви критики, но во последно време тие се засилија, бидејќи екстремно десничарските коалициски партнери се заканија дека ќе ја соборат неговата влада доколку тој склучи договор за Газа со кој би се ставил крај на војната без да се елиминира Хамас, пренесува Тајмс оф Израел.

Премиерот со месеци одбиваше да одржува состаноци во врска со повоеното управување со Газа, избегнувајќи конфликт со министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич, кои повикаа на трајна окупација на Газа и повторно воспоставување на израелски населби на територијата. Нетанјаху тврдеше дека нема потреба да се планира „денот потоа“ пред Израел да го победи Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ