сабота, 27 јули 2024

Бајден нема да биде обвинет; Обвинителот: Тој е стар човек со лоша меморија

Американскиот претседател Џо Бајден нема да се соочи со кривично обвинение поради ракувањето со доверливи документи, откако се претставил како „постар човек со лоша меморија“, објави специјалниот обвинител Роберт Хур.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, Хур истакна дека постапките на Бајден „претставувале сериозен ризик за националната безбедност“ откако заклучи дека претседателот на САД „намерно задржал и открил доверливи материјали“.

Бајден со себе понел доверливи документи за американската војна во Авганистан и други прашања за националната безбедност напуштајќи ја функцијата потпретседател во 2017.

Меѓу документите има рачно напишан допис наменет за тогашниот претседател Барак Обама од 2009 година во кој се изразува противење на планираниот пораст на бројот на војници во Авганистан како и рачно пишувани белешки за разузнавачки брифинзи и состаноци за националната безбедност.

Бајден на писателот на своите мемоари, кога во февруари 2017 разговарале во изнајмена куќа во Вирџинија, му кажал дека „тукушто нашол доверливи документи на долниот спрат“, се наведува во извештајот, во кој се тврди дека тој разговор бил најдобриот доказ за поднесување обвинение против актуелниот претседател.

Членови на правниот тим на Бајден најдоа доверливи документи во кабинетот на Бајден во Вашингтон и во неговата резиденција во Вилмингтон во сојузната држава Делавер.

„Размислувавме дека господинот Бајден на судењето веројатно би ѝ се претставил на поротата, како за време на нашето интервју со него, како симпатичен, добронамерен, постар човек со лоша меморија“, напишал обвинителот.

Извештајот на специјалниот обвинител оди во детали за она што го нарекува „значителни ограничувања“ во сеќавањето на Џо Бајден.

Кога кабинетот на специјалниот обвинител го интервјуирал Бајден, се наведува во извештајот, претседателот на се сеќавал кога бил потпретседател, заборавајќи на првиот ден на интервјуто кога му завршил мандатот („Ако тоа било во 2013, кога престанав да бидам потпретседател?“) и заборавајќи на вториот ден на интервјуто кога му почнал мандатот („Во 2009, дали сум уште потпретседател?“).

Понатаму, Бајден исто така „не се сеќавал, ни отприлика, кога умрел неговиот син Бо Бајден“.

Бајден ја поздрави одлуката, истакнувајќи дека „целосно соработувал“ и се согласил да објасни сè за време на испрашувањата.

Ричард Заубер, специјалниот советник на претседателот, кажа дека грешките во пакувањето за време на напуштањето на должноста „за жал се вообичаена појава“ и дека ѝ се случиле на секоја администрација во последните 50 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ