среда, 23 октомври 2024

Бајден: Не сум уверен во мирен пренос на власта ако Трамп изгуби

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден кажа денес дека не е уверен дека ќе има мирен пренос на власта во САД ако републиканецот Доналд Трамп изгуби на претседателските избори на 5 ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако Трамп изгуби, воопшто не сум сигурен“, кажа Бајден за Си-би-ес на прашањето дали мисли дека ќе дојде до мирен пренос на власта по изборите.

„Тој го мисли тоа што го кажува. Не го сфаќаме сериозно. Тој тоа го мисли. Сите тие работи за тоа дека „ако изгубиме ќе дојде до крвопролевање“, додаде Бајден.

За време на предизборен настап во март во американската држава Охајо, Трамп предупреди на „крвопролевање“ ако не победи на изборите. Во тоа време Трамп расправаше за потребата за заштита на американската автомобилска индустрија од прекуморската конкуренција, а подоцна кажа дека мислел на „крварење на автомобилската индустрија“ кога го употребил изразот.

Трамп тврдеше дека победил на изборите во 2020 година против Бајден и беше кривично обвинет во Вашингтон и Џорџија за незаконски обид да ги поништи резултатите.

Бајден се откажа од изборната кампања минатиот месец откако колегите од Демократската партија го повикаа да се повлече поради лошиот учинок во дебатата против Трамп која отвори прашања за староста и менталното здравје на американскиот претседател.

Потпретседателката на Бајден Камала Харис потоа ја освои демократската номинација и се бори против Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ