недела, 20 октомври 2024

Бајден не ја исклучува можноста за укинување на забраната Украина да гаѓа цели во Русија

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека неговата администрација го решава прашањето за можното укинување на ограничувањата за Украина да гаѓа цели во Русија со американско оружје со долг дострел.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД долго време се воздржуваат да обезбедат и да одобрат употреба на оружје што би можело да гаѓа цели длабоко на руска територија, поради страв од можна ескалација на конфликтот.

Другите сојузници на Киев испорачуваат оружје, но со ограничувања за тоа како и кога може да се користи во Русија, поради загриженоста дека таквите напади би можеле да предизвикаат одмазда што ќе ги вовлече земјите на НАТО во војна или ќе предизвика глобален нуклеарен конфликт.

Извори на Ројтерс тврдат дека САД се блиску до договор за предавање на такво оружје на Украина, но дека постапката сигурно ќе трае неколку месеци и нема да се случи пред крајот на претседателските избори во САД во ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ