На почетокот на оваа година Бајден одлучи да се повлече од претседателската трка и ја препушти кандидатурата на Демократската партија на потпретседателката на САД Камала Харис, која сега се натпреварува со републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Најновите анкети покажуваат дека Трамп и Харис водат многу неизвесна изборна трка, особено во седум неопределени држави од кои Пенсилванија се смета за најзначајна.
Седум дена пред претседателските избори во САД, најмногу внимание е насочено кон резултатите во Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Аризона, Северна Каролина и Невада.