сабота, 27 јули 2024

Бајден најави отпишување на каматите на студентските кредити

Американскиот претседател Џо Бајден објави план за ублажување на студентскиот долг од кој корист ќе имаат најмалку 23 милиони Американци, што е едно од клучните прашања за младите гласачи чија поддршка се надева дека ќе ја добие на изборите во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Соединетите Американски држави деталите на планот ги објави во Мадисон, во сојузната држава Висконсин, а планот вклучува отпишување на 20.000 акумулирани камати за луѓето со кредити, независно од нивните приходи. Администрацијата на Бајден верува дека со тоа ќе се елиминираат каматите за 23 милиони луѓе.

У покрај тоа што Врховниот суд минатата година го блокираше првичниот план на Бајден за ова прашање, владата презема низа акции поврзани со студентските олеснувања.

Републиканците сметаат дека Бајден со простување на студентските долгови ги пречекорува своите овластувања и дека од неговиот потег корист имаат само факултетски образуваните Американци, додека останатите не добиваат никакви олеснувања.

На луѓето кои со децении ги отплаќаат своите студентски кредити би им било одобрено бришење на сите преостанати долгови според планот. Кредитите кои се користат за додипломско образование би биле откажани ако се отплаќани најмалку 20 години. За сите други видови кредити, тоа се 25 години.

Администрацијата на Бајден досега одобрила 146 милијарди долари за ублажување на студентските долгови за четири милиони Американци.

Сенаторот Бил Кесиди, водечкиот републиканец во сенатскиот одбор за образование, го критикуваше планот на Бајден оценувајќи дека тоа значи дека трошоците на долгот само ќе се префрлат на други.

„Тоа е нефер трик за да се купат гласови пред изборите и кој апсолутно не придонесува на проблемот со високите трошоци за образованието кои младите луѓе ги заробува во долгови“, кажа Кесиди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ