сабота, 27 јули 2024

Бајден најави одмазда за смртта на американските војници во Јордан

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека одлучил како Соединетите Американски Држави ќе одговорат на нападот со дрон во кој загинаа три американски војници во Јордан, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата дадена додека ја напушташе Белата куќа, Бајден додаде дека САД не треба да ја шират војната на Блискиот Исток.

Убиени се три американски војници, а повеќе од триесет припадници на војската се повредени во напад со дрон овој викенд врз мала американска воена испостава во Јордан. Ова е првпат американски војници да се убиени од непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа.

Геополитички, фактот што нападот се случи на територијата на Јордан, близок американски сојузник, е загрижувачка за Бајден, како и за јорданската влада. Бајден веројатно ќе биде присилен да испрати дополнителни сили во регионот за дополнително да ги обезбеди американските бази и да одврати нови напади. Но таквиот потег новите американски сили би ги довел во опасност.

Одговорноста за нападот ја презема исламистичка група поддржана од Иран.

Нападот во Јордан сигурно ќе ги засили внатрешните тензии во таа земја. На кралот Абдула не му треба да го перцепираат како поддржувач на Америка. Треба да се има предвид дека јавното мислење за Америка во арапскиот свет е исклучително ниско по нејзината недвосмислена поддршка на израелската војна во Газа.

Од почетокот на војната на 7 октомври имаше повеќе од 150 напади на милиции, поддржани од Иран и Сирија и Ирак, врз американските сили. Неверојатно е што ниту еден не резултираше со смртни случаи, што ѝ овозможи на американската влада да избегне ескалација.

Минатата недела беше потврдено дека двајца припадници на специјалната морнаричка единица СЕАЛ загинале откако исчезнале за време на поморска операција за пресретнување оружје од Иран наменето за исламистичките бунтовници Хути во Јемен. Тајната природа на мисијата на специјалните сили ѝ овозможи на американската војска да понуди нејасно објаснување на тој инцидент.

Но, нападот во Јордан е сосема поинаков. Тројца Американци се мртви, а повеќе од 30 се ранети. Притисокот врз претседателот е огромен.

САД се обидуваат да утврдат зошто 350 војници во базата во Јордан, позната како Кула 22, не успеале да го сопрат дронот. Двајца американски функционери за Ројтерс кажале дека дронот кој напаѓал се движел кон базата истовремено со американски кој се враќал во неа.

Еден од функционерите кажал дека дронот на агресорот летал многу ниско, што придонело за тоа одбраната на базата да не го детектира.

Одговорот на американската влада може да варира од напади врз иранските сили надвор од Исламската Република, или дури на нејзина територија, до поблага стратегија само на проиранските милитанти кои ја преземаа одговорноста, сметаат експертите. Одговорноста за нападот ја презема Исламски отпор во Ирак, група милитанти поддржани од Иран, а дејствува во Ирак и Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ