четврток, 2 јануари 2025

Бајден најави нови 2,39 милијарди евра воена помош за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денес најави дополнителни 2,39 милијарди евра воена помош за Украина, јавува Ројтерс. „По мој налог, Соединетите Американски Држави ќе продолжат неуморно да работат на јакнење на позицијата на Украина во оваа војна до крајот на мојот мандат“, кажа Бајден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најавата вклучува 1,44 милијарди евра воена помош од американските резерви и пакет од 1,77 милијарди долари од Иницијативата за безбедноста помош за Украина (УСАИ), што е последниот УСАУ пакет за време на мандатот на Бајден. Преку УСАИ, воената опрема се набавува од воената индустрија или партнерите, наместо да се повлекува од американските залихи, што значи дека можат да поминат месеци и години пред опремата да стигне на боиштето.

Во својата изјава, Бајден кажа дека новата помош за Украина ќе обезбеди „моментален прилив на капацитети кои Украина продолжува ефикасно да ги користи на боиштето, како и долгорочни залихи на противвоздушна одбрана, артилерија и други клучни оружени системи“.

Речиси три години од почетокот на конфликтот, Вашингтон на Киев му обезбеди 167 милијарди евра помош, но неизвесно е дали таа ќе продолжи под администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој должноста ја презема на 20 јануари. Трамп сака што побрзо да ја прекине војната.

За време на претседателската кампања Трамп го доведе во прашање нивото на американскиот ангажман во конфликтот, сугерирајќи дека европските сојузници треба да преземат поголем дел од финансискиот товар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ