сабота, 27 јули 2024

Бајден критикуван зашто ја продолжува изградбата на ѕид на границата со Мексико

Американскиот претседател Џозеф Бајден се најде на удар на критики од републиканците и демократите откако неговата администрација најави изградба на дополнителни 30 километри ѕид на границата со Мексико. Тој рече дека нема друг избор освен да ги искористи средствата од ерата на Доналд Трамп за да изгради ѕид чија цел е да се запре илегалната миграција од Мексико, пренесува АП. На прашањето дали функционираат таквите ѕидови, Бајден кратко одговори: „Не“.

Објавено на

часот

Сподели

„Парите се наменети за граничниот ѕид. Не можам да го спречам тоа“, рече американскиот претседател. За време на изборната кампања во 2020 година, Бајден вети дека нема да продолжи со изградбата на ѕидот доколку биде избран за претседател, велејќи дека ѕидот на границата „не е сериозно политичко решение“. Сепак, неговата администрација неделава игнорираше дваесетина федерални закони, вклучително и оние што го штитат дивиот свет, за да овозможи изградбата на ѕидот долж границата меѓу САД и Мексико во јужен Тексас да продолжи, јавува Би-би-си.

Американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас рече дека има „акутна и итна потреба“ да се изгради ѕидот. Поранешниот претседател Трамп објави на својата социјална мрежа Трут сошл, пишувајќи дека одлуката на администрацијата на Бајден покажува дека тој „бил во право“.

„Дали Џо Бајден ќе ми се извини мене и на Америка што му требаше толку долго време за да продолжи со изградбата“, праша Трамп. Републиканскиот конгресмен од Северна Каролина Ралф Норман потсети дека Бајден не мислел дека ѕидовите функционираат. „Што се смени? Ќе ви кажам што се смени – на американскиот народ му е мака и уморен е од гледање како градовите се преплавени со мигранти“, изјави Норман за Би-би-си.

Во исто време, претседателот на САД е критикуван од неговите колеги од Демократската партија. Конгресменот Хенри Куелар, чиј округ ја опфаќа областа каде што ќе се гради, рече дека не верува оти неговите гласачи ќе бидат задоволни со одлуката.

„Сè уште сум против решение од 14 век за проблем од 21 век“, рече демократот. Конгресменката Александрија Окасио-Кортез ја нарече изградбата на ѕидот „сурова политика“ и го повика претседателот Бајден да „го сврти курсот“. Администрацијата на Бајден се соочува и со критики од невладини организации, како што е АЦЛУ (Американска унија за граѓански слободи), кои ја нарекоа одлуката „голем неуспех“.

Продолжувањето на изградбата беше најавено во јуни, но средствата беа веќе доделени во 2019 година, пред Бајден да ја преземе функцијата. Во законот што беше донесен тогаш се вели дека изградбата треба да заврши во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ