сабота, 27 јули 2024

Бајден ќе издаде извршна наредба за казнување на израелските доселеници кои ги напаѓаат Палестинците

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, како што се очекува, ќе издаде извршна наредба против израелските доселеници на Западниот брег кои ги напаѓаат Палестинците на таа окупирана територија, кажа извори запознаени со одлуката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Висок американски функционер кој сакал да остане анонимен кажал дека се очекува Белата куќа да ја објави наредбата на Бајден подоцна денес.

Се очекува извршната наредба да го подготви теренот за воведување санкции на лицата вклучени во насилства над Палестинците на Западниот брег.

Бајден зборуваше против одмаздничките напади на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот брег засилени по упадот на Хамас на израелска територија на 7 октомври. Претседателот на САД вети дека лицата одговорни за тоа насилство ќе сносат одговорност.

Нападите на израелските доселеници се засилија од почетокот на војната на Израел против Хамас во Газа и има и убиени Палестинци. Групите за заштита на човековите права велат дека колонистите палеле автомобили и напаѓале неколку мали бедуински заедници, присилувајќи ги да се евакуираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ