сабота, 18 мај 2024

Бајден кажа дека Индијците, Кинезите, Русите и Јапонците се ксенофоби, реагираше Токио

Јапонија денес оцени дека изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој азиската сојузничка земја како опиша како ксенофобна, е жална и погрешна. Најден на состанок во рамки на предизборната кампања во средата кажа дека сојузничките Индија и Јапонија, како и ривалите Кина и Русија, имаат проблеми поради одбивањето да примат мигранти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Зошто Кина е толку економски во застој? Зошто Јапонија има проблеми? Што е со Русија? Што е со Индија? Затоа што се ксенофоби. Не сакаат мигранти“, кажа американскиот претседател, според пишувањата на медиумите. Како одговор, јапонската влада денес објави дека „за жалење се дадените коментари кои не се темелат на точно разбирање на јапонската политика“.

Изјавата на Бајден следува помалку од еден месец откако му беше домаќин на јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Белата куќа брзо се обиде да ја ублажи неочекуваната критика на американскиот лидер кон Јапнија.

„Ставот кој претседателот го бранеше, а мислам дека луѓето низ светот се свесни за тоа, е дека Соединетите Американски Држави се земја на имигранти, тоа е во нашата ДНК“, кажа портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

„Го слушнавме објаснувањето на американската влада дека коментарот не е направен со цел нарушување на важноста и одржливоста на односите меѓу Јапонија и САД“, се наведува во соопштението на Токио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ