сабота, 27 јули 2024

Бајден ја поддржува продажбата на авионите Ф-16 на Турција

Објавено на

часот

Сподели

Турција, која го кочеше патот на Шведска кон алијансата, во октомври 2021 година побара да купи ловци Ф-16 од Локхид Мартин во вредност од 20 милијарди долари и речиси 80 комплети за модернизација на своите постоечки воени авиони.

Саливан воочи самитот на лидерите на НАТО, кој се одржува во главниот град на Литванија, Вилнус, рече дека претседателот Џо Бајден „бил јасен дека го поддржува трансферот“.

„Не даде никакви забелешки на тоа. Тој има намера да продолжи со трансферот“, рече тој.

Саливен не даде детали за периодот во кој ќе се реализира ова.

Турскиот претседател Таип Ердоган доцна синоќа се согласи на гласањето во турскиот парламент за ратификација на барањето на Шведска за членството во НАТО, по повеќемесечниот притисок од САД и нивните сојузници.

И турските официјални претставници и администрацијата на Бајден отфрлија каков било предлог дека одобрувањето на Анкара за приемот на Шведска во НАТО е поврзано со продажбата на Ф-16, сепак, некои дипломати и аналитичари веруваат дека Ердоган го користел шведското членство за да изврши притисок врз Вашингтон во врска со воените авиони и дека Бајден постигнал договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ