вторник, 10 декември 2024

Бајден: Израел претера со одговорот во Газа

Воениот одговор на Израел во Појасот Газа беше прекумерен, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа, за време на прес-конференција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така, навистина се залагам хуманитарната помош да стигне до Газа. Јас се залагам и за прекин на огнот за да се овозможи ослободување на заложниците. Сето ова мора да престане што е можно поскоро, има многу невини луѓе, кои гладуваат, кои се во неволја и кои умираат“, нагласи американскиот претседател.

Белата куќа објави дека нема да поддржи никакви планови на Израел за големи воени операции во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, и соопшти дека министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен јасно ја изразил загриженоста на САД за таквите операции. Израел овие денови силно го бомбардира Рафа.

„Секоја голема воена операција во Рафа во овој момент, под овие околности, со над милион или милион и пол Палестинци кои побарале засолниште во Рафа, без да ја земе предвид нивната безбедност, би била катастрофа. Не го поддржуваме тоа“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ