сабота, 27 јули 2024

Бајден испраќа нов пакет воена помош од милијарди долари за Израел

Белата куќа му соопшти на Конгресот дека сака да испрати повеќе од милијарда долари вредно оружје во Израел, наспроти притисокот поради израелската офанзива во Рафа, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пакетот за помош во оружје ќе вклучува тенковски гранати, минофрлачи и оклопни тактички возила. Планот секако мора да биде одобрен од Конгресот.

Минатата недела, претседателот Бајден рече дека ќе ја запре испораката на оружје доколку Израел започне голема инвазија на Рафа. Бајден минатата недела рече дека ја одложил испораката на бомби во Израел поради начинот на кој би можеле тие да се користат во таква копнена операција. „Цивили се убиени во Газа како резултат на тие бомби“, ја објасни тој својата одлука тогаш.

Во меѓувреме, израелски тенкови напредуваа подлабоко во станбените области југоисточно од Газа.

Во петокот, извештајот на американскиот Стејт департмент покажа дека оружјето од американско производство доставено до Израел можеби било користено во спротивност на меѓународното право.

Иако извештајот беше јасен укор за некои израелски операции во Газа, во него не беше дефинитивно наведено дека кампањата на израелската армија го прекршила меѓународното право.

Се додава дека гаранциите што Америка ги добила од Израел за усогласеност со законската употреба на американското оружје се „веродостојни и доверливи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ