сабота, 27 јули 2024

Бајден им порача на новинарите да известуваат „како што треба“

Американскиот претседател Џо Бајден им порача на новинарите да известуваат поповолно за економијата на Соединетите Американски Држави, што доаѓа во момент кога неговиот рејтинг во анкетите е паднат на исклучително ниско ниво.

Објавено на

часот

Сподели

Бајден во саботата кратко им се обрати на новинарите пред Белата куќа, пред да отпатува во претседателската резиденција Камп Дејвид, во сојузната држава Вирџинија. На прашањето за коментар за состојбата на американската економија во претстојната година, претседателот на САД кажа: „Сè е добро. Само погледнете. Почнете да известувате како што треба“.

Бајден во повеќе наврати изрази фрустрација од американските медиуми, бидејќи гласачите и понатаму даваат лоши оценки за неговата економска политика и покрај статистичките извештаи кои покажуваат ниска невработеност и успорување на инфлацијата.

Тој на брифинг за новинарите во Белата куќа во октомври се пожали дека перцепцијата на јавноста за американската економија била расипана од негативниот тон на медиумското известување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ