петок, 26 јули 2024

Бајден и Нетанјаху разговараа првпат по иранскиот напад врз Израел

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е прв разговор меѓу двајцата лидери по повеќе од две недели, вели Ројтерс.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека деталите од разговорите ќе бидат објавени наскоро, но не даде дополнителни информации.

Пред разговорите, извор од САД што е запознаен со ситуацијата рече дека двајцата лидери ќе разговараат за потенцијално примирје во Појасот Газа, со цел да се ослободат заложниците.

Двајцата лидери последен пат разговараа на 13 април, откако Иран изврши ракетни и беспилотни напади врз Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ