„Некои од групите кои го урнаа (сирискиот претседател Башар ал) Асад имаат мрачна евиденција за тероризам и кршење на човековите права. Во последните денови ги следиме изјавите на лидерите на овие групи, сега го кажуваат тоа што треба, но кога ќе имаат поголема одговорност ќе ги оцениме не само нивните зборови туку и нивните дела“, кажа Бајден во Белата куќа.
Бајден оцени дека падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е историска прилика за сирискиот народ, како и дека САД ќе ги поддржат соседите на Сирија доколку се појават закани за време на периодот на транзиција на власта на силите на бунтовниците, кои ја преземаа власта во земјата.
„Конечно падна режимот на Асад. Овој режим мачеше и буквално убиваше стотици илјади невини Сиријци. Ова е темел чин на правда и историска прилика за напатениот сириски народ да изгради подобра иднина за својата земја“, кажа Бајден.
Тој додаде дека смета дека Асад треба да биде изведен пред лицето на правдата и да одговара.