петок, 27 декември 2024

Бајден: Горд сум што сум првата црнкиња што служела со црн претседател (АУДИО)

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е „горд“ што е „првата црнкиња што служела со црн претседател“, во својот најнов гаф. Една недела по неговиот катастрофален настап во дебатата со Трамп, Бајден вчера даде интервју за филаделфиската радиостаница Вурд, пренесоа медиумите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Патем, горд сум што сум, како што реков, првиот потпретседател, првата црна жена… што служела со црн претседател“, рече тој.

Бајден беше потпретседател за време на двата мандата на Барак Обама, првиот црн претседател во американската историја.

Кога беше избран во Белата куќа, Бајден за свој потпретседател ја назначи Камала Харис, првата црна жена на таа позиција.

Расте притисокот врз Бајден

Бајден делуваше несигурно во неколку наврати кога зборуваше во Ерл Инграм шоу, емисија наменета за црнците слушатели во Висконсин, но исто така се емитува на национално ниво. На прашањето зошто гласањето е важно, Бајден даде одговор што се чинеше дека се однесува на неодамнешната одлука на Врховниот суд да му даде значителен имунитет на Трамп од кривичен прогон.

„Ви треба некој, некој што ќе се погрижи за тоа. Врховниот суд штотуку донесе одлука, патем, која го загрозува американскиот принцип дека во Америка немаме кралеви. Никој не е над законот“, рече тој.

Претходно вчера Бајден направи уште еден гаф за време на разговорот на јужниот тревник на Белата куќа со семејствата на војници. Тој го нарече Доналд Трамп, неговиот голем ривал и противник на претседателските избори, еден од „своите колеги“.

Најновите гафови веројатно ќе го зголемат притисокот врз Бајден да се откаже од трката, бидејќи Демократската партија станува сè позагрижена за неговите шанси да го победи Трамп во ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ