Белата куќа изјави дека Бајден „ја изразил својата посветеност на обезбедувањето непречен пренос на власта“ и ја истакнал „важноста на работата на обединување на земјата“.
Бајден утре ќе ѝ се обрати на нацијата за да зборува за резултатите и преносот на власта.
Неговиот персонал ќе координира конкретен датум за средбата со Трамп „во блиска иднина“.
Бајден разговарал телефонски и со Камала Харис за да ѝ честита на „историската кампања“, соопшти Белата куќа.
Претходно губитничката на изборите, актуелната потпретседателка Камала Харис му се јавила на Трамп, го признала поразот и му честитала на победата.