понеделник, 21 октомври 2024

Бајден го критикуваше Нетанјаху

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е блиску до презентирање на конечен предлог за договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, но додаде дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не прави доволно за да гарантира таков договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден разговараше со новинарите во Белата куќа откако израелските сили за време на викендот ги пронајдоа телата на шест заложници, меѓу кои и на 23-годишниот Израелец роден во САД, Херш Голдберг-Полин. Нивните тела беа извлечени од тунел во Газа каде што се вели дека неодамна биле убиени од членови на палестинскиот Хамас.

Тоа предизвика критики за стратегијата на Бајденовата администрација за прекин на огнот во Газа и го зголеми притисокот на Израелците врз Нетанјаху да ги врати преостанатите заложници дома. На прашањето дали мисли дека Нетанјаху прави доволно за да го загарантира договорот за заложниците, Бајден одговори не, но не наведе детали.

Запрашан дали планира да им претстави конечен договор за заложниците на двете страни оваа недела, Бајден рече: „Блиску сме до тоа“. На прашањето дали договорот ќе биде успешен, тој рече дека „надежта е вечна“.

Бајден и американската потпретседателка Камала Харис денеска треба да се сретнат со преговарачкиот тим на САД за договорот за заложниците и да разговараат со нив за напорите да се постигне договор за ослободување на преостанатите заробеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ