Откако гласаше, на прашањето на новинарите за неговиот став за тоа што мултимилијардерот Илон Маск секој ден доделува по милион долари на еден гласач во една од седумте неопределени држави, Бајден кажа дека, според него, тоа е „сосема непримерно“.
President Biden in line to vote early in Delaware. pic.twitter.com/gyt6Zi8UFQ
— CSPAN (@cspan) October 28, 2024
На претседателските избори во Соединетите Американски Држави до денес гласале повеќе од 43 милиони луѓе, соопшти изборната лабораторија на Универзитетот на Флорида.
Според податоците од 25 сојузни држави, во кои гласачите се регистрираат во согласност со партиската припадност, тоа право го искористиле повеќе демократи од републиканци, но таа разлика сега е помала отколку на претходните избори.
До денес гласале осум и пол милиони регистрирани гласачи на демократите, од кои 2,3 милиони лично, а 6,3 милиони преку пошта. Во исто време гласале околу 7,7 милиони републикански гласачи, од кои повеќе од три милиони лично, а четири и пол милиони по пошта.