сабота, 27 јули 2024

Бајден: Едвај чекам Шведска да стане 32-та членка на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Џо Бајден, кој денеска пристигна во Вилнус на самитот на НАТО, ја поздрави согласноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за шведското членство во алијансата, кое тој го блокираше повеќе од една година.

„Подготвен сум да соработувам со претседателот Ердоган и со Турција за зајакнување на одбраната и одвраќање во евроатлантската област“, ​​рече Бајден во изјавата, истакнувајќи дека „едвај чека“ Шведска да стане 32-та членка на НАТО.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во понеделникот ја пофали одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го одобри приемот на Шведска во НАТО.

Во порака на Твитер, Баербок одлуката на Ердоган ја оцени какои „добри вести кои доаѓаат од Вилнус“. „Конечно е отворен патот за турска ратификација на членството на Шведска во НАТО“, рече таа.

„Денес во Вилнус беше направен историски чекор. Патот кон НАТО за Шведска е отворен! Ова е добра вест за шведскиот народ и за нашата заедничка безбедносна и одбранбена политика. Колку НАТО е посилно, толку е побезбедна Европа“, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона објави порака на истата мрежа во која вели дека „ја поздравува најавата на Турција за намерата да го ратификува протоколот за пристапување на Шведска во НАТО и се надевам дека тоа ќе се случи наскоро. Шведска ќе го зајакне нашиот сојуз“.

Британскиот премиер Риши Сунак, исто така, се огласи на Твитер, велејќи дека „ова е историски момент за НАТО што нѐ прави сите побезбедни. Шведска, со нетрпение го очекуваме вашето приклучување во алијансата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ