вторник, 22 октомври 2024

Бајден е загрижен поради протекувањето на доверливи документи за Израел

Американскиот претседател Џо Бајден е „длабоко загрижен“ поради објавата на американски разузнавачки информации за израелскиот план за одмазда против Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во саботата, американските медиуми објавија дека американската влада истражува потенцијално протекување на разузнавачки информации.

Американските истражители се обидуваат да откријат како на интернет протекоа високо доверливи разузнавачки документи.

Документите, кои се појавија во петокот на Телеграм, апликацијата за размена на пораки, содржат наводна американска проценка за плановите на Израел да го нападне Иран.

Сè уште не може да се каже дали податоците се протечени или хакирани. Во моментов нема индиции дека ќе има дополнително споделување на документи од ваков тип, пишуваат медиумите.

Претседателот „останува длабоко загрижен за какво било протекување на доверливи информации во јавниот домен, смета дека тоа не требало да се случи и е неприфатливо кога ќе се случи“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ