„Не поддржуваме закон што го финансира само Израел, бидејќи и на Украина ѝ треба муниција“, рече Кирби, пренесува Тајмс оф Израел.
Кирби рече дека претседателот на Претставничкиот дом Мајкл Џонсон ја добил пораката на администрацијата и престанал да се обидува да ги одвои пакетите со помош за двете држави.
Американскиот Сенат со демократско мнозинство во февруари одобри пакет помош од 95 милијарди долари, но Џонсон одби да го стави на гласање во Претставничкиот дом.
Од таа сума Украина би добила 60 милијарди, Израел 14,1 милијарди, партнерите во Индопацифичкиот регион 4,8 милијарди, 9,2 милијарди би се издвоиле за хуманитарна помош, а 7,2 милијарди за други трошоци, пренесува Си-ен-ен.