сабота, 27 јули 2024

Бајден дозволи Киев да користи американско оружје за напади на руска територија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден тивко ѝ даде дозвола на Украина да изврши напад во Русија, исклучиво во близина на регионот Харков, користејќи оружје обезбедено од САД, изјавија денеска американски функционер и уште две лица кои знаеле за тоа, пренесува Политико.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според бриселскиот портал, тоа е голема промена која ќе и помогне на Украина подобро да го брани својот втор по големина град.

„Претседателот неодамна издаде инструкции на својот тим да се погрижи Украина да го користи американското оружје за возвратен оган во Харков, за да може Украина да возврати на руските сили кои ги напаѓаат или се подготвуваат да ги нападнат“, потврди американски официјален претставник, додавајќи дека политиката на дозволување удари со долг дострел во Русија „не е променета“, според Политико.

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на закана од глобален конфликт доколку западните сојузници на Киев ѝ дозволат на Украина да го користи оружјето што го испорачале за напади во Русија, објави Ројтерс.

САД изјавија дека не поттикнуваат или овозможуваат употреба на американско оружје за директни напади врз Русија, но американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на прашањето за моменталната позиција на Вашингтон по ова прашање, вчера изјави дека ќе се „прилагоди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ