Харис во средата вечерта во јавното обраќање рече дека го признава поразот на изборите, но дека никогаш нема да се откаже од борбата за подобра иднина на Америка.
Таа, исто така, најави дека ќе ја олесни мирната транзиција на власта и му се заблагодари на претседателот Џо Бајден.
Републиканецот Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис, освојувајќи ги потребните 270 електорски гласови.
Според најновите проекции на АП, Трамп освоил 295 електорски гласа, а Камала Харис 226 електорски гласа.