сабота, 27 јули 2024

Бајден беше на систематски: „Поминав“

„Поминав“, рече американскиот претседател Џо Бајден (81) по својот годишен систематски преглед во воената болница во Мериленд, и покрај загриженоста на јавноста дека тој не е способен за уште еден мандат за кој ќе се бори на изборите во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ништо поинаку од минатата година“, коментираше Бајден за наодите пред новинарите враќајќи се во Белата куќа. „Сè е одлично“, додаде тој.

Минатата година, неговиот лекар заклучи дека Бајден е здрав и „способен да ги извршува своите должности“ и дека нема симптоми на долготраен ковид по борбата со вирусот во 2022 година. Потоа му беше отстранета лезија од градите.

Претседателот Бајден останува „способен за должност“ и може да ги извршува сите должности без исклучок или прилагодувања, напиша докторот во резимето на овогодинешниот преглед објавен од Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, им изјави на новинарите дека не направил тест за когнитивните функции и дека не му е потребен.

На прашањето дали американскиот народ треба да биде загрижен за нешто, Бајден се пошегува на сметка на својата возраст. „Хм, па можеби да мислат дека изгледам премногу младо“, рече Бајден.

Ова е последен преглед пред Бајден од Демократската партија и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп (77) повторно да се соочат на претседателските избори на 5 ноември оваа година. Меѓусебно си замеруваат пад на менталната сила.

Во слободното време, претседателот Бајден сака да игра голф и да вози велосипед, но неговите проблеми со говорот и физичкото здравје и неговата напредна возраст ја доведуваат во прашање неговата способност да ги извршува должностите врховен командант на американската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ