сабота, 27 јули 2024

Бајден: Американското оружје нема да биде користено за напади на Москва и Кремљ

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден изјави дека американското оружје, чија употреба ѝ ја дозволи на Украина за напади на територијата на Русија, нема да биде користено за напади на Москва и Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден во интервју за Еј-би-си њуз, по повод осумдесетгодишнината од сојузничкото истоварување во Нормандија, не одговори директно на прашањето дали оружје произведено во САД веќе било користено за напади на територијата на Русија откако го потпишал одобрението на Киев за негова употреба, со ограничување тоа да се користи во областа околу Харков кој е на удар на руските сили.

Бајден истакна дека не одобрил американското оружје да се користи за гаѓање на главниот град на Русија или седиштето на руската власт.

„Овластени се (Украина) да го користат во близина на границата тогаш кога руските сили напаѓаат одредени цели во Украина. Не одобруваме напади 200 милји во територијата на Русија и не одобруваме напади на Москва и Кремљ“, кажа Бајден.

Тој, на прашањето дали го загрижува изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин дека „испораките на оружје со долг дострел на Украина за напади на територијата на Русија претставуваат директно учество во војната“, кажа дека Путин го познава повеќе од 40 години и дека тој 40 години го загрижува.

„Тој не е пристоен човек. Тој е диктатор и се бори да обезбеди неговата држава да остане обединета а и понатаму да го продолжи овој напад. Ние не зборуваме за давање оружје за да се напаѓаат Москва и Кремљ“, кажа Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ