сабота, 27 јули 2024

Бајден: Ако ја напуштиме Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји?

Американскиот претседател Џо Бајден за време на вчерашниот говор во Белата куќа рече дека откажувањето на финансиската помош за Украина може да доведе до криза во балканските земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако ние заминеме, а Русија го издржи нивниот напад и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи во балканските земји? Што мислите дека ќе се случи од Полска до Унгарија?“, праша тој.

Главните соработници на Бајден отворено им кажаа на пратениците на приватна средба во средата дека ако Конгресот наскоро не одобри дополнителна воена помош за Украина, Русија би можела да ја добие војната за неколку недели – во најдобар случај за неколку месеци, пишува Ен-би-си њуз.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан и директорката на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс тогаш изјавија дека не е случајно што најголемиот воздушен напад од почетокот на инвазијата на Украина Путин го извршил откако Конгресот не одобри повеќе помош минатиот месец.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Бајден го повикуваат Конгресот да одобри нов пакет помош од 61,4 милијарди долари, но републиканците одбиваат да ја одобрат помошта без договор со демократите за зајакнување на безбедноста долж границата меѓу САД и Мексико. Но дури и републиканците да попуштат и да се согласат да ја продолжат помошта, таа веројатно би била значително помала.

Без дополнителна американска помош, проценуваат западните власти, Украина прво би останала без ракети со долг дострел, потоа без ракети за противвоздушна одбрана, а подоцна и без артилериска муниција и ракети со краток дострел, како што се противтенковските ракети џавелин и противвоздушните ракети стингер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ