Тој наведе дека во писмото се осудува „ционистичкиот ентитет за нарушување на воздушниот простор и суверенитетот на Ирак со користење на ирачкиот воздушен простор за извршување напад врз Исламската Република Иран на 26 октомври“, пренесоа агенциите.
Фотографиите и видеоснимките од Ирак објавени на социјалните мрежи покажуваат ракети што ги користи Израел. Се чини дека парчиња од проектилите паднале во област северно од Багдад.
Израелски авиони нападнаа воени цели низ Иран како одговор на иранскиот напад со балистички ракети на 1 октомври врз Израел.
„Владата на Ирак ја потврдува својата цврста посветеност на ирачкиот суверенитет, независност и територијален интегритет. Нема да дозволи ирачкиот воздушен простор или копно да се користи за напад врз други нации, особено соседните земји со кои Ирак споделува меѓусебна почит и интереси“, рече Алауди.
Израел во саботата рече дека погодил воени цели во Иран како одговор на иранските напади, поттикнувајќи стравувања дека долготрајната конфронтација меѓу двете моќни војски може да ескалира во сеопшта регионална војна.
На прашањето дали го користела ирачкиот воздушен простор, израелската војска одговори дека не може да каже ништо повеќе од она што е веќе објавено.
Иран претходно тврдеше дека Израел го користел ирачкиот воздушен простор за да ги изврши нападите и ги обвини САД за соучесништво. САД соопштија дека биле информирани за нападот, но не биле директно вклучени.