Трите порази во период од 8 дена сериозно го разнишаа столчето на Томас Тухел, имаше многу шпекулации за промена на тренерот, па Баерн реши да повлече потег и да се раздели со стратегот, но дури по крајот на сезоната.
„Во отворен и добар разговор, дојдовме до одлука летоска да ја прекинеме соработката на взаемна согласност. Нашата цел е да направиме реконструкција на тимто за сезоната 2024/25 со нов тренер. До тогаш, секоја индивидуа во клубот ќе мора да го даде максимумот за да оствариме што е можно подобар резултат во Бундеслигата и Лигата на шампиони“ – изјави генералниот извршен директор, Јан Кристијан Дресен.
Томас Тухел за одлуката рече: „Се договоривме по крајот на сезоната да ја прекинеме соработката. До тогаш, јас и мојот тренерски персонал ќе продолжиме да правиме се што можеме за да донесеме успех“.