Денеска се решава иднината на Хари Кејн, барем ова го навестуваат медиумите од Германија и Англија.
Баерн Минхен доставил понуда вредна нешто над 100 милиони евра сосе бонуси и го известил Тотнем дека има рок до полноќ да одговори на предлогот.
„Баварците“ сметаат дека оваа понуда е фер и финална, и доколку не добијат позитивен одговор ќе се повлечат од намерата да го ангажираат Хари Кејн.
Сега на потег е Тотнем, Даниел Леви е пред тежок избор и ризикува беспари да го загуби напаѓачот за 12 месеци. Хари Кејн ја одработува последната година од договорот и во моментов не сака да стави потпис на нова соработка.