сабота, 19 октомври 2024
„Спарси“ нема лесно да го продадат напаѓачот

Баерн Минхен понудил 70+ милиони за Кејн, Тотнем веднаш го одбил предлогот

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен доставил прва понуда за трансфер на Хари Кејн, ова попладнево го објави новинарот Дејвид Орнштајн.

Ваквиот развој на настаните следи откако вчера беше објавено дека Хари Кејн е цел број 1 на „баварците“ по сигналите испратени од напаѓачот и изразената желба да се пресели во Минхен доколку замине од Англија.

Предлогот е тежок 70 милиони евра плус бонуси, но ова нема да биде доволно за реализирање на трансферот.

„Спарси“ без многу размислување кажале НЕ. Како што пренесува новинарот Бен Џејкопс, Даниел Леви нема намера лесно да се раздели со напаѓачот и за да почне да размислува за продажба потребни се најмалку 100 милиони фунти (околу 116 милиони евра).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ