сабота, 27 јули 2024

Баерн Минхен му го продолжи договорот на Тел

Баерн Минхен го продолжи договорот со Матис Тел, младиот фудбалер треба да биде значаен дел од иднината на баварскиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

18-годишниот фудбалер во Баерн Минхен пристигна летото 2022 година од Рен. Оваа сезона тој добива поголема шанса и има импресивни партии.

Во Баерн Минхен брзо сфатија дека во Тел имаат сериозен фудбалер за иднината па му понудија нов договор, со поголема плата иако актуелниот му истекуваше во јуни 2027 година.

Според новиот, Тел е врзан со германскиот гигант до јуни 2029 година.

„Ова продолжување на договорот ми значи многу. Научив многу во Баерн, на теренот и надвор од него. Минхен ми стана дом на мене и моето семејство, и фановите исто така ми се многу важни, без нив не можам да бидам играчот кој сум. Кога играте за Баерн, секогаш сакате да ги освоите сите трофеи, сакам да постигнувам голови и да креирам голови, да играм со срце и енергија за Баерн Минхен и да давам се од себе за овој клуб и фановите“, рече Тел по потпишувањето на договорот.

Тел досега настапил на 59 натпревари за Баерн Минхен и има постигнато 13 голови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ