сабота, 27 јули 2024

Баерн Минхен киксна во Фрајбург и загуби уште два бода

Баерн Минхен одигра 2-2 на гостувањето кај Фрајбург, домаќините дојдоа до бод со гол во самиот финиш од мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Фрајбург рано го отвори резултатот, домаќинот поведе со гол на Гунтер уште во 12. минута од натпреварот.

Баерн Минхен дојде до изедначување во 35. минута кога Тел погоди прекрасно од далечина за 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Течеше 75. минута кога Мусиала имаше еден фантастичен соло продор и убаво пласираше за гол за пресврт и водство на Баерн Минхен од 2-1.

Во 87. минута Холер постигна гол за конечни 2-2.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ