вторник, 10 декември 2024

Баерн Минхен и ПСЖ се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Шоу на Хари Кејн и Килијан Мбапе во Лигата на шампионите, Баерн Минхен со убедливи 3-0 го победи Лацио, а ПСЖ славеше со 2-1 гостински триумф над Реал Сосиедад.

Објавено на

часот

Сподели

Уште од првата минута Баерн Минхен тргна офанзивно кон голот на Проведел да ја анулира негативата од еден гол која ја имаше по мечот на Олимпико.

Отпорот на Лацијалите се скрши во 38. минута кога Хари Кејн постигна гол за водство на Баерн Минхен од 1-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме по асистенција Де Лихт, Ерик Дајер погоди со глава за предност на Баварците и од 2-0.

Во 66. минута Хари Кејн постигна уште еден гол и ги постави конечните 3-0. Баерн Минхен со вкупно 3-1 оди меѓу осумте најдобри.

ПСЖ со победа од 2-0 отпатува во Шпанија на реваншот со Реал Сосиедат, таму славеше нов триумф, овојпат од 2-1.

Килијан Мбапе погоди уште во 15. минута и тогаш го откажа Реал Сосиедад од некакво изненадување.

Мбапе даде гол и во 56. минута за 2-0, пред самиот крај на мечот Реал Сосиедад даде почесен погодок преку Мерино за конечни 2-1 за францускиот клуб.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ