четврток, 30 мај 2024

Баерн Минхен е во полуфиналето од Лигата на шампионите, Кимих е херојот на Баварците (ВИДЕО)

Баерн Минхен го победи Арсенал со 1-0 на Алијанц Арената и со вкупни 3-2 се пласираше меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од првиот натпревар во кој имаше четири голови, дуелот во Минхен го реши само еден погодок и тоа во мрежата на Арсенал.

Натпреварот беше рамноправен во првото полувреме, Арсенал имаше убава шанса преку Мартинели да даде гол, но Нојер го одбрани неговиот удар.

Работите се променија во вториот дел кога Баерн Минхен воспостави доминација, а таквата игра резултираше со гол на Кимих во 63. минута. Тој фантастично намириса една топка во шеснаесетникот на Арсенал, биеше со глава и погоди за водство на Баерн Минхен од 1-0.

До крајот на мечот Арсенал се обидуваше да го изедначи резултатот, но не успеа да го најде патот до мрежата на Нојер.

Баерн Минхен оди во полуфиналето од Лигата на шампионите, единственото натпреварување кое им остана за спас на сезоната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ