сабота, 27 јули 2024

Баерн го победи Унион Берлин, Сане настрада од противничкиот тренер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен со 1-0 го добија дуелот против Унион Берлин, а пресметката ја одбележа и гостинскиот тренер кој доби црвен картон поради удар врз Сане.

Објавено на

часот

Сподели

Баварците победничкиот гол го постигнаа на стартот од второто полувреме преку Гереро, а набрзо потоа мрежата на берлинците ја затресе и Хари Кејн, но неговиот погодок беше понишен по реакција од ВАР собата.

Кон средината на вториот дел се случи голем инцидент по кој беше исклучен гостинскиот тренер, Ненад Бјелица, кој се дрзна да удри противнички фудбалер, Лирој Сане, во лицето.

Ова беше заостанат меч од 13. коло по кој Баерн Минхен дојде до 44 бодови и сега има четири помалку од лидерот Баер Леверкузен, а дури десет повеќе од третопласираниот Штутгарт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ