сабота, 19 октомври 2024
Домино ефект на трансфер пазарот

Баерн го „капариса“ Ким, Лукас Ернандез замина во Париз, Астон Вила го договори Пау Торес

Објавено на

часот

Сподели

Домино ефект на трансфер пазарот, се почна со трансферот на Ким Мин Џае во Баерн Минхен.

Откако „баварците“ го капарисаа фудбалерот од Јужна Кореја, Лукас Ернандез доби зелено светло да замине и попладнево пристигна во Париз.

Французинот треба да се пресели во ПСЖ во зделка вредна околу 48-50 милиони евра. Веќе е постигната согласност за личните услови и соработка до 2026 година, па останува уште да се поминат редовните лекарски прегледи и да се стави потпис на документите.

Во исто време Астон Вила си подаде рака со Виљареал за трансфер на Пау Торес вреден околу 40 милиони евра.

Шпанецот подолго време е мета на гигантите ширум Европа, па откако се пополнија местата во Париз и Минхен, тој реши да го прифати амбициозниот проект на Унаи Емери и Астон Вила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ