недела, 27 октомври 2024
Лига Европа

Баер Леверкузен единствен со перфектен учинок, познати сите патници во нок-аут рундата во Лига Европа

Баер Ливеркузен е единствениот тим кој ја заврши групната фаза во Лига Европа со максимален учинок, избраниците на Чаби Алонсо вечерва го совладаа Молде со 5-1 за шест од шест.

Објавено на

часот

Сподели

Заврши групната фаза во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА, познати се сите патници во нок-аут фазата.

Баер Леверкузен е единствениот кој беше перфектен, „фармацевтите“ со 5-1 ја добија пресметката со Молде за шест од шест и првото место во Групата Х.

Покрај нив, во осминафинале се пласираа уште Вест Хем, Брајтон, Ренџерс, Аталанта, Ливерпул, Виљареал и Славија Прага.

Плеј-оф за место во осминафинале обезбедија Фрајбург, Марсеј, Спарта Прага, Спортинг, Тулуз, Рен, Рома, Молде и Карабах.

Ждрепката за плеј-офот е на 18. декември, првите натпревари се на програмата на 15. февруари, а реваншите една недела подоцна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ